Демири: Поквалитетни сме од Балкани, верувам дека нема да ја пропуштиме оваа шанса

Шкупи со сите сили во двомечот против косовскиот Балкани/Фото: Слободен печат

Шкупи се подготвува за двомечот од плеј-офот во Лигата на конференции против Балкани од Косово, а првиот натпревар ќе се игра в четврток (18 август) со почеток од 21.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

После елиминацијата од ирскиот Шамрок Роверс во третото квалификациско коло на Лига Европа, чаирчани предводени од тренерот Гоце Седлоски имаат шанса преку Балкани да се најдат во групите на Лигата на конференции.

– Ни следува двомечот против Балкани, добра вест е што ги имам сите играчи на располагање, немаме повредени, ни казнети. Треба со мирни глави да влеземе во мечот, да бидеме трпеливи, најдобро што можеме да се претставиме против Балкани. Верувам дека сме способни за тоа, гледам како тренираат фудбалерите и сметам тоа ќе го реализираат на теренот. Балкани е квалитетен противник, штом стигна до плеј-офот значи дека има добри играчи. Во Скопје ќе биде само „првото полувреме“, нашето е да го дадеме максимумот и бидат исполнети задачите кои ќе бидат поставени – изјави Седлоски на прес конференцијата пред утрешниот дуел.

Фудбалерот на Шкупи, Бесир Демири вели дека Балкани е сериозен противник, но вели дека Шкупи има поголем квалитет.

– Заедно со стручниот штаб го анализиравме ривалот, мислам дека имаме повеќе квалитет од Балкани, поспремни сме, подобри. Но, на теренот се е рамноправно, ќе видиме што ќе се случи на теренот. Верувам дека нема да ја пропуштиме оваа шанса, заедно со нашите верни навивачи „Шверцери“ ќе се обидеме на крајот да ја оствариме целта, пласман во групната фаза на Лигата на конференции – рече Демири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот