Фото: Општина Бутел

Дел од жителите на Радишани ќе добијат нови кровови и енергетско ефикасни фасади

Од Општина Бутел ветуваат поставување на нови фасади и промена на крововите на сите згради на целата територијата на оваа скопска општина.

Промена на крововите и изградба на нови енергетско ефикасни фасади биле проблемите за чие решавање разговарале градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски на средбата со жителите на зградите на прв влез во населба Радишани.

– На денешната средба се разговараше за промена на крововите и изградба на нови енергетско ефикасни фасади. Се разговараше за можностите кои ги нуди Општината како и начинот на кој ќе се пристапи кон реализирање на овој проект. Договорено е во најбрзо време состанок на сите засегнати страни вклучувајќи ги управителите и советите на станари. Постепено, чекор по чекор, ќе пристапиме кон поставување на нови фасади и промена на крововите на сите згради на територијата на цела Општина Бутел. Меѓудругото се разговараше и за секојдневните проблеми на граѓаните како и за нови паркови и уредување на зеленилото околу зградите – информираат од Општина Бутел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот