Милорад Додик / Фото: ЕПА

Дефинирано прашањето на референдумот за Милорад Додиќ – ќе се одржи на 25 октомври

Откако вонредната седница на Народното собрание на Република Српска траеше целиот ден, започна гласањето. Пратениците на Народното собрание донесоа одлука за распишување референдум за одлуките на Судот на Босна и Херцеговина и Централната изборна комисија на БиХ против поранешниот претседател на Република Српска Милорад Додик, пренесува Н1.

Покрај другите заклучоци, Народното Собрание го усвои и Законот за измени на Законот за референдум и граѓанска иницијатива, по итна постапка, а истовремено ја усвои и одлуката за распишување референдум кој ќе биде одржан на 25 октомври.

Референдумското прашање ќе гласи:

„Дали ги прифаќате одлуките на неизбраниот странец Кристијан Шмит и неуставните пресуди на Судот на БиХ против претседателот на Република Српска, како и одлуката на ЦИК за одземање на мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик?“

Властите на РС не го признаваат високиот претставник на Европската унија во БиХ, Кристијан Шмит и го оспоруваат неговиот легитимитет, тврдејќи дека неговото назначување не е потврдено од Советот за безбедност на Обединетите нации.

Владејачката коалиција претходно предложи референдумот да се одржи на 18 или 25 октомври, но референдумското прашање беше прецизирано дури на денешната седница.

Собранието на Република Српска изгласа неприфаќање на пресудата за Додик

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот