Дедото на Куjтим со неверување праша: Дали е убиен, сам си направи беља

Во синоќешниот напад во Виена беа убиени 4 лица, како и напаѓачот Кујтим Фејзулаи, кој е Албанец од Северна Македонија.

Но, дури и неговиот дедо не сакал да зборува за неговиот внук кој го стори ова терористичко дело. Тој дури првично не призна дека имал семејна врска со него.

Неговиот дедо вели дека немал контакт со семејството веќе шест месеци. Тој вели дека Кујтим секоја година доаѓал во Северна Македонија со своето семејство.

-Секако! Секоја година доаѓаше со семејството. Вообичаено доаѓаше во станот на мајка му и татко му, но имаше свој стан. Е, сега никој не знае што правел таму во неговиот стан- рече неговиот дедо за „Клан Македонија“.

Но, на крајот, неговиот дедо љубопитно прашува за неговиот внук, дали е убиен?

-Значи, Кујтим е убиен така? Првите информации се такви … Дали е убиен?! Што можеме да сториме? Тој си направи беља- вели дедото за Куjтим.

Градоначалникот на општина Брвеница, Енвер Пајазити, за „Слободен печат“ денеска изјави дека момчето потекнува од пристојно и фино семејство, па оттаму и самите биле во шок од веста за терористичкиот напад, која утринава е тема број еден за жителите на ова тетовско село.

– Сите сме шокирани, бидејќи станува збор за добро семејство, фини луѓе… Дедото се пресели во Австрија уште на почетокот на 80-тите години, но најмалиот никој не го познава. Се распрашав и кај помладите во селото, но скоро никој да не го познава и никој не помни кога последен пат го виделе тука, изјави Пајазити за Слободен печат.

Еден од неговите адвокати Николас Раст кој го застапувал кога претходно бил осуден за австриските медиуми изјавил дека момчето ги излажало сите, а неговата мајка го пријавила во полиција уште кога забележала дека се радикализирал.

-Одел во Сирија, а фатен е во Турција. Неговата сопствена мајка го пријавувала во полиција бидејќи забележала дека се радикализирал. Сите ги излажа и беше условно пуштен- изјавил адвокатот кој вели дека никако не можел да го предивиди ова.

Во терористичкиот напад кој се случи во Првата зона, во центарот на Виена загинаа четири лица, двајца повозрасни маж и жена, млад минувач и една келнерка, а бројот на повредени се искачи на 22.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот