Даут Харадинај: Курти е лажен патриот, тој самиот ги презел обврските од Охрид

фото: МИА

Членот на Алијансата за иднината на Косово Даут Харадинај го нарече премиерот Албин Курти лажен патриот и посочи дека не треба да го продолжи својот „бунт“ против САД.

„Склон сум да верувам дека Курти ќе најде храброст и ќе размисли посериозно за ултиматумот на неговите пријатели… Мислам дека Курти не треба да го продолжи овој бунт во однос на САД, за обврската што си ја презел во Охрид. Договор. Тој самиот се согласи да ги преземе тие обврски во Охрид“, изјави Харадинај за Клан Косова.

Тој додаде дека Курти направил непотребна криза дури и со оспорувањето на регистарските таблички минатата година.

И тогаш, потсетува тој, Косово добиваше сериозни предупредувања, но сега се поригорозни.

Харадинај додаде дека САД се лидер на НАТО и гарант за безбедноста на Косово.

Тој исто така изјави дека Курти се фалел со подигање на косовското знаме во северните општини, додека еден ден подоцна српските демонстранти поставиле српски знамиња и „националистички симболи“ на оклопните возила на косовската полиција.

„Сакав Курти прво да ја разбере сериозноста на темата и да не се занимава со симболиката кој е прв градоначалник на општината што ја води со 0,3 отсто од гласовите, бидејќи добро знаеме колкаво е учеството од 0,3 отсто во општината. значи.Значи, да не играме некој лажен патриот кој денес оди таму и вели дека знамето за прв пат е подигнато на Косово во северниот дел“, рече Харадинај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот