Дарио Ивановски го освои последното место во квалификациите на 3.000 метри на ЕП во сала

фото: facebook/Dario Ivanovski

Уште еден македонски атлетичар имаше свој настап на Европското првенство во сала кое се одржува во Истанбул, Турција.

Дарио Ивановски во трката на 3.000 метри во квалификациите го освои последното време со време од 08:17.93 минути.

Во неговата група првопласиран беше Норвежанецот Јакоб Ингебригстен со време 07:56.57 мин.

Ивановски беше далеку најслаб во својата конкуренција, освојувајќи го последното 20 место.

На ЕП во сала учествуваше и нашата втора претставничка Дрита Ислами во дисциплината 400 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот