ВИДЕО | Солиден настап на Дрита Ислами: Во Истанбул истрча близу својот рекорд
Дрита Ислами утрово настапи во квалификациите на 400 метри на Европското првенство во атлетика во сала во Истанбул (Турција) и за 0.03 делови од секундата не успеа да го собори Македонскиот рекорд во сала, која токму Дрита го постави пред неколку недели.
Препорачано
Дрита трчаше во првата квалификациска група и оствари резултат од 55.86 секунди, нејзиниот и национален рекорд изнесува 55.84 секунди.
Од вкупно 27 атлетичарки Дрита го завзеде 25 место во квалификациите. Најбрза беше Ана Киебашинска (Полска) со резултат од 51.77 секунди.
По настапот македонската атлетичарка сепак искажа задоволство.
„Многу сум задоволна од мојот настап на Европското Првенство во Сала, успеав да истрчам резултат од 55.86 кој е само 0.02 стотинки послаб од мојот Државен Рекорд 55.84. Сите тие што ја разбират Атлетиката знаат колку е тешко да се трча овој резултат на прва стаза во сала, со оваа трка завршува мојата зимска сезона и фокусот ми е на летната сезона на 400м со пречки. Благодарам на сите за подршката навистина тоа многу ми значи.“, сподели атлетичарката на социјалните мрежи.


