Данска е следниот противник на македонските кошаркари во Гевгелија

фото: kfsm.mk

Македонија е лидер во „Д“ групата од вториот круг на претквалификациите за Евробаскетот 2025. По три одиграни натпревари, нашите најдобри кошаркари имаат максимален ефект.

Синоќа, во прекрасен амбиент во салата „26 Април“ во Гевгелија, беше совладана селекцијата на Норвешка. Со една гранитна одбрана го сведовме противникот на само 36 поени, што е вистинска реткост во европската репрезентативна кошарка.

Разликата од 22 поени е сосема добар „капитал“ во пресрет на она што следува во наредниот перид. Во прв ред дуелот кој следува, оној против селекцијата на Данска кој ќе го играме одново на домашен терен на 13 ноември од 19.00 часот.

Данците доаѓаат со уште еден пораз, трет по ред, сега на гостувањето во Словачка. Во Левице славеа домаќините со 74:70 и тоа е прв триумф во три одиграни кола во ова друштво, кои ги оставаат „во игра“ во пресрет на четвртото коло. По поразот во Гевгелија, Норвешка, во Берген, ја пречекува Словачка.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЕП 2025 – ГРУПА „Д“

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Македонија – Норвешка 58:36

Словачка – Данска 74:70

ТАБЕЛА

1.МАКЕДОНИЈА 3 3 0 210:181 6 бодови

2.Норвешка 3 2 1 222:201 5

3.Словачка 3 1 2 217:236 4

4.Данска 3 0 3 215:246 3

Четврто коло (13 ноември)

18.00 часот: Норвешка – Словачка

19.00 часот: Македонија – Данска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот