Сирија зазеде стратешки објекти во провинцијата Рака

Фото: Профимедиа

Сириските владини сили воспоставија контрола врз градот Табка и блискиот аеродром во провинцијата Рака, како и над бројни мостови на реката Еуфрат и две хидроцентрали, објави денеска на својата веб-страница руското Министерство за одбрана.

Претходно денеска, Министерството објави дека Дамаск воспоставил целосна контрола врз градот Манбеџ и околните области.

Во соопштението се вели дека американските сили ги напуштиле базите во тој град. Оваа информација беше потврдена и од американската војска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот