Дали некоја вакцина е поефикасна од другите? Која вакцина создава најмногу антитела? Што покажаа досегашните истражувања?

Скопје, 17 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Првата доза на вакцината „Фајзер“ е многу ефикасна, но антителата не се единствената мерка за ефикасноста. Што се однесува до нив, сите вакцини се покажаа многу добро. Вакцината „Фајзер“ со првата доза произведува антитела најбрзо, но, добри се резултатите и кај „Спутник V“ и кинеските вакцини. Кај кинеските малку подоцна се создава одговор, но тоа не треба да ги загрижува луѓето“, вели за српските медиуми д-р Марија Гњатовиќ, соработник за истражување во белградскиот Институт за примена на нуклеарна енергија (ИНЕП).

Оние кои биле вакцинирани со кинеската вакцина, треба да ги проверуваат антителата од две недели по примањето на втората доза, па понатака. Производителите дадоа препорака дека нивната вакцина ќе дејствува и до две години.

Врз основа на вредностите на антителата што се произведуваат, верувам дека е така, затоа што се создаваат вредности на антителата слични на оние кога некој е заразен и има тешка клиничка слика, а таквата заштита трае подолго од една година“, истакнува Гњатовиќ.

Во следните неколку месеци работите ќе бидат појасни, бидејќи вакцинираните лица ќе бидат следени, па истражувачите ќе можат да добијат повеќе одговори и поцелосни податоци за склоноста на опаѓање на антителата кај различните вакцини.

Во моментов, за кинеската вакцина „Синофарм“ има најмалку информации, бидејќи таа започна да се применува малку подоцна, но генерално, сите вакцини имаат многу добри резултати кога станува збор за создавањето антитела, нагласува Гњатовиќ.

Што се однесува до руската вакцина „Спутник V“, антителата се произведуваат нешто подоцна отколку кај вакцината „Фајзер“, а таа многу добро делува кај луѓе кои прележале коронавирус па веќе имаат некои антитела.

Што се однесува до вакцината „АстраЗенека“, Гњатовиќ вели дека се очекуваат многу слични ефекти како кај „Спутник V“, бидејќи се работи за ист вид вакцина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот