Фото: Twitter/ Daily Mail Online

Дали научниците открија нов вид на човек? Во Кина пронајден древен череп каков што досега не е евидентиран

Меѓународен тим на научници го опиша пронајдениот древен, човечки фосил во Кина, како многу поразличен од кој било друг примерок пронајден досега, пренесува „Саенс алерт“ („Sience alert“).

Во новата студија, научниците велат дека овој пронајдок не наликува на предците од кои се развиле неандерталците, ниту на денисовците, ниту на современиот човек, што сугерира дека сегашната верзија на човечкото еволутивно стебло има потреба од друга гранка.

Реконструкција  Фото: Twitter/ People’s Daily, China

Коските на вилицата, черепот и ногата кои припаѓаат на овој скелет, стар 300.000 години, што допрва треба да биде класифициран, а означен како „HLD 6“, а биле откриени во Хуалонгдонг, во Источна Азија уште во 2019 година. Во годините оттогаш, експерти од Кинеската академија на науките се трудат да ги усогласат посмртните останки со познатите еволутивни лози.

Лицето на т.н. хоминин е слично структурирано како она на модерната човечка лоза, која се одвоила од хомо еректус, уште пред 750.000 години. Но, недостатокот на брадата на поединецот изгледа повеќе како денисовец, исчезнат вид на древен човек во Азија, кој се одвоил од неандерталците пред повеќе од 400.000 години.

Фото: Twitter/ Zach Cofran

Работејќи заедно со истражувачите од кинескиот Универзитет „Ксиан Џиаотонг“, Универзитетот во Јорк и шпанскиот Национален истражувачки центар за човечка еволуција, тимот истражувачи мислат дека откриле сосема нова лоза – хибрид помеѓу гранката што ни ги дала современите луѓе и гранка што ги дала другите антички хоминини во регионот, како денисовците.

Историски гледано, многу фосили на хоминини, од плеистоценот кои се пронајдени во Кина, не се вклопиле лесно во ниту една лоза. Како резултат на тоа, таквите останки често се објаснуваат како средни варијации на еволутивниот пат кон современото човештво, односно како архаичен пример на хомо сапиенс или напредна форма на хомо еректус.

Фото: Twitter/ Zach Cofran

Но, ова прилично линеарно, поедноставено толкување е контроверзно и не е широко прифатено. Додека хомо еректус опстојувал во Индонезија до пред околу 100.000 години, остатоците кои неодамна беа пронајдени во Источна Кина имаат поголема сличност со другите, помодерни лоза на хоминин.

Претходно, геномските студии за остатоците од неандерталците во Европа и западна Азија пронајдоа докази за четврта лоза на хоминини, кои живеат во средниот до доцниот плеистоцен. Но, оваа исчезната група никогаш не била официјално идентификувана во фосилните записи. Па, можеби неодамнешните човечки останки пронајдени во Кина, се дел од сложувалката што недостасува.

Фото: Twitter/ Zach Cofran

Авторите на студијата велат дека, фосилизираната вилица и черепот припаѓаат на 12 или 13-годишно момче, и додека неговото лице има црти слични на современите луѓе, екстремитетите, черепот и вилицата „се чини дека одразуваат попримитивни особини“.

Нивните резултати сега го комплицираат патот до современите луѓе. Мозаикот од физички карактеристики пронајден во овој древен хоминин наместо тоа, го поддржува коегзистирањето на три лози во Азија, лозата на хомо еректус, лозата на денисовци и оваа лоза, која е „филогенетски блиска“ до нас.

Илустрација како би изгледала малолетна жена-денисовец. Фото: Instagram/ maayanvisuals

Хомо сапиенсот се појавил во Кина само пред околу 120.000 години, но се чини дека некои од нашите „модерни“ карактеристики постоеле овде многу пред тоа. Можеби последниот заеднички предок на хомо сапиенс и неандерталците се појавил во југозападна Азија и подоцна се проширил на сите континенти.

Оваа теорија на научниците допрва ќе треба да се потврди, со повеќе археолошки истражувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот