Семејството на Роб Рајнер / Фото: Michael loccisano / Getty images / Profimedia

На трагедијата ѝ претходела жестока расправија? Сведоци откриле што се случувало во семејството Рајнер ноќта пред убиството

Веста за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга го потресе Холивуд, но и светската јавност. Додека пријателите се простуваат од познатиот пар, во јавноста сè повеќе излегуваат детали за настаните што ѝ претходеле на трагедијата.

Само една ноќ пред убиствата, во саботата, семејството Рајнер присуствувало на забава кај познат водител. Според извори блиски до семејството, Роб и Ник влегле во „многу гласна расправија“, која ја слушнале бројни гости, пренесува „ТМЗ“.

Набргу по инцидентот, Роб и неговата сопруга Мишел ја напуштиле забавата, додека не е познато дали и Ник си заминал во исто време.

Родителите биле на крајот од силите

Семејни извори откриле дека Роб и Мишел со месеци се бореле со проблемите на Ник. Мишел наводно им се доверила на пријателите дека таа и сопругот се на крајот од силите поради менталната болест на синот и неговата наводна злоупотреба на супстанци, и дека не знаат што повеќе да направат.

Очајна, таа рекла: „Пробавме сè.“

Роб Рајнер и неговиот син Ник не биле особено блиски. И двајцата со години јавно навестувале нарушен однос меѓу татко и син, уште пред трагедијата.

Во интервју од 2015 година, за време на прикажувањето на филмот „Being Charlie“, кој делумно бил инспириран од животните проблеми на Ник, Роб како сценарист  признал дека за време на процесот на пишување дошло до судири меѓу нив, но дека токму тие конфликти му помогнале подобро да го разбере својот син. Рекол и дека тоа дури го направило подобар татко.

Додека Роб зборувал емотивно, Ник седел со „леден“ поглед, пред на крајот да додаде дека нивната врска произлегувала од тоа што го гледал својот татко во неговиот елемент додека го прави она во што е најдобар, снимајќи филмови  и дека веројатно требало да молчи и да учи од него.

Ник подоцна признал дека проектот на крајот „кликнал“ затоа што тие никогаш навистина не се поврзале додека тој растел, но заедничката работа на филмот станала пресвртница што го променила нивниот однос.

Да потсетиме, безживотните тела на Роб Рајнер и неговата сопруга беа пронајдени во неделата во нивниот дом во Лос Анџелес, со пресечени грла.

Ник Рајнер беше уапсен во понеделникот наутро и обвинет за убиство на своите родители, со кауција од четири милиони долари.

Според „Пипл“, Роб Рајнер и неговата сопруга биле убиени од нивниот син Ник – полицијата вели: „Истрагата е во тек“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот