Дали доаѓа Судниот ден? Часовникот на апокалипсата на 100 секунди до „полноќ“ или до крајот на светот!
Часовникот „Думсдеј“ или часовникот на Судниот ден е симбол за тоа колку нашата планета е блиску до катастрофа поради нуклеарните закани, климатските промени и опасните технологии. Во средата, „Билтенот за атомски научници“ откри дека часовникот го означува истото време од 2020 година.
Препорачано
Часовникот на Судниот ден е симбол што претставува веројатност за глобална катастрофа создадена од човекот, а хипотетичката глобална катастрофа ќе означи „полноќ“.
Претседателот и извршен директор на Билтенот, Рејчел Бронсон, зборуваше за губењето на довербата во науката и за неподготвеноста на светот за пандемијата на коронавирусот, пишува Cnet.com.
„Смртоносната и ужасна пандемија на ковид-19 служи како историска „тревога“, жива илустрација дека националните влади и меѓународните организации не биле подготвени да управуваат со вистински цивилизациски закани, како што се нуклеарно оружје и климатски промени“, рече Бронсон.
Минатата година, часовникот беше поместен на само 100 секунди до полноќ, откако американските научници заклучија дека ризикот од пад на цивилизацијата е огромен, што укажува на тоа дека светот е поблизу до катастрофа од кога било уште од 1947 година, кога за првпат беше претставен часовникот „Думсдеј“.
Непрофитниот Билтен на нуклеарните научници е основан во 40-тите години на 20 век од страна на научници вознемирени од развојот на атомско оружје.
– Часовникот стана универзално признат индикатор за ранливоста на светот кон катастрофи како што се нуклеарно оружје, климатски промени и опасните технологии во други домени, изјавија организаторите минатата година.
Часовникот главно забави во текот на последната деценија, но тој не се движи само во една насока. Кога првпат започна со работа, во 1947 година, беше поставен на седум минути до полноќ. Стрелките беа најдалеку од полноќ во 1991 година, додека по Студената војна, научниците веруваа дека човештвото се одделило од нуклеарната катаклизма цели 17 минути.
Ако ништо друго, часовникот „Думсдеј“ потврдува нешто што веќе го знаеме: Оваа планета и нејзините жители се соочуваат со многу предизвици.


