Далас каубојс највреден спортски клуб на светот

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на највредни спортски екипи за 2019 година и на неа доминираат екипите од САД.  На врвот на листата, четврта година по ред се наоѓа НФЛ тимот на Далас каубојс, веднаш зад него е бејзбол тимот на Њујорк јенкис, а на третото место се најде Реал Мадрид кој вреди 200 милиони повеќе од најголемиот конкурент, Барселона.

Листата на пет највредни спортски екипи ја заокружува, Њујорк никс кој има очајни резултати во НБА лигата но сè уште го држи приматот на највреден кошаркарски тим.

Вредноста на Далас каубојс е проценета на неверојатни пет милијарди долари, додека најтрофејниот бејзбол тим на светот, Њујорк јенкис вреди 4.6 милијарди долари.

„Форбс“ процени дека Реал Мадрид на пазарот „тежи“ 4.24 милијарди долари, а Барселона 4.02 милијарди долари. Последен тим кој е проценет на четири или повеќе милијарди е Њујорк никс.

Помеѓу 10. највредни спортски екипи има уште една фудбалска, Манчестер јунајтед кој вреди 3.81 милијарди долари, а во топ 10 се најдоа уште и Њу Ингланд петриотс, ЛА Лејкерс, Голден Стејт вориорс, ЛА Доџерс и Њујорк џајанст.

Највредни спортски екипи
1. Далас каубојс (НФЛ)                       5 милијарди
2. Њујорк јенкис (бејзбол)                  4.6
3. Реал Мадрид (фудбал)                   4.24
4. Барселона (фудбал)                        4.02
5. Њујорк никс (НБА)                            4
6. Манчестер јунај. (фудбал)             3.81
7. Њу Ингланд патриотс (НФЛ)          3.8
8. ЛА Лејкерс (НБА)                              3.7
9. Голден Стејт вориорс (НБА)           3.5
10. ЛА доџерс (бејзбол)                       3.3
Њујорк џајантс (НФЛ)                           3.3
12. Бостон ред сокс (бејзбол)             3.2
ЛА рамс (НФЛ)                                        3.2
14. Њашингтон редскинс (НФЛ)         3.1
Чикаго кабс (бејзбол)                            3.1
16. Сан Франциско 49 (НФЛ)                3.05
17. Баерн Минхен (фудбал)                 3.02
18. Сан Франциско џајантс (бејзбол) 3
19. Чикаго булс (НБА)                           2.9
Чикаго беарс (НФЛ)                               2.9

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот