Дајте музика со две златни бубамари и најава за голем концерт

дајте музика
Фото: Филип Вирановски

Како манифестација за најдобрите и најпопуларните медиумски проекти во земјава, која годинава се одржа под мотото „Да живнеме“, „Златна Бубамара на популарноста“ додели две статуетки за идолите на новите генерации од проектот „Дајте музика“: еден за најпопуларна детска серија и една за најпопуларен тинејџерски хит за 2021 година.

Миха, Стаси, Филип и Кики на сцената на „Златна Бубамара на популарноста“ прв пат застанаа во февруари 2020 година. Оттогаш, како што и самите истакнаа, многу работи се сменети. Освен што се пораснати, тие за наградата рекоа:

„Снимивме вкупно 90 епизоди од серијалот, ја претставивме Македонија на јуниорскиот евросонг борејќи се за планетата Земја, а спремаме и голем спектакуларен концерт на 27ми мај“ .

Наградите ги посветија на целиот тим големи и мали од „Дајте музика“, нивната публика која постојано ги следи на програмите на „Македонската Телевизија“ и нивните фанови кои повеќе од 49 милиони пати го посетиле youtube каналот на „Дајте музика“.

Концертот на „Дајте музика“ ќе се одржи на 27 мај на стадионот на „АРМ“ во Скопје во организација на „Авалон продукција“.

Галерија

дајте музика
Фото: Филип Вирановски
дајте музика
Фото: Филип Вирановски
дајте музика
Фото: Филип Вирановски
дајте музика
Фото: Филип Вирановски
дајте музика
Фото: Филип Вирановски

Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот