Даблин неизвесен, УЕФА ја одложи одлуката за конечниот список на градови!

epa02737796 Outside view of the Aviva Stadium, commonly known as Landsdown Road, in Dublin, Ireland, 17 May 2011. The stadium, refered to as Dublin Arena by the UEFA, will host the UEFA Europa League final between Porto and Braga on 18 May 2011. EPA/CARSTEN RIEDEL

Владата на Република Ирска во моментов не може да даде гаранции за одржување на натпреварите со одреден број навивачи на Европското првенство.

Европската фудбалска унија ја одложи конечната одлука за 20 април. Сите 12 градови назначени како домаќини мора да обезбедат гаранции дека одреден број навивачи ќе можат да присуствуваат на стадионите.

Главниот услов градот да го задржи домаќинството е да достави гаранции дека одреден број навивачи ќе можат да бидат на стадионот. На денот кога шкотската влада даде гаранции дека навивачите ќе можат да бидат на Хемпден парк во Глазгов, Фудбалската асоцијација на Ирска објави дека нема таква гаранција.

И Холандија ги отвора вратите за навивачите на ЕП, 12.000 фанови на трибините на „Јохан Кројф“ Арената

Во Даблин е најавено да се играат три натпревари од групата „Е“ и еден меч од осминафиналето на ЕП, но на денот кога истекува рокот за федерациите, асоцијациите домаќини да ги објават и испратат потребните гаранции до УЕФА, Фудбалската асоцијација на Ирска доби инструкции од Владата да објави дека нема гаранции.

ФА на Ирска ги извести УЕФА и Организацискиот одбор на ЕВРО 2020 дека не може да гарантира присуство на навивачи на стадионот. Беше истакнато дека договорите со УЕФА ќе продолжат.

– Испративме писмо до УЕФА и сега чекаме одговор на кој се надеваме штом сите 12 градови домаќини ги испратат своите извештаи – рече претседателот на ФА, Џонатан Хил.

Доколку се земе предвид претходното соопштение на УЕФА дека ЕП ќе се игра само на стадиони на кои ќе можат да присуствуваат навивачи, се чини дека Даблин нема да биде меѓу домаќините.

Македонските навивачи во Букурешт ќе смеат да престојуваат само 48 часа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот