фото: facebook.com/ivica.aleksovski.thestrongest

Д Стронгест се закити со девет медали на Европското АДЦЦ првенство во Белград

На 2 ноември се одржа Европското АДЦЦ првенство во Белград, Србија, на кое земаа учество 12 натпреварувачи од најуспешниот македонски клуб Д СТРОНГЕСТ и се закитија со осум златни, еден сребрен и четири бронзени медали.

Златни медали на ова првенство во „борење со предавање“ (submission grappling) освоија во детска категорија Антонио Трајковски, Томи Блажевски, Иван Сапунџиев и Алек Костов во јуниорска категорија, Даниела Алексовска каде што ја победи светската АДЦЦ вицешампионка, и Марко Трајановски.

Во сениорска категорија на главниот настан кој беше пренесуван во живо на Арена Фајт ТВ Алексовска и Стефан Пецевски издвоија победи и се закитија со злато.

Сребро освои Лука Стојановски, а бронзени медали имаат Леонид Димовски, Горазд Василевски, Стефан Митров и Петра Џатевски.

„Д Стронгест” освои два пехари за трето место во детска и сениорска категорија.

Тимот составен од тренерите Ивица Алексовски и Стефан Пецевски и единствениот македонски натпреварувач, Даниела Алексовска патува за Узбекистан каде што ќе биде дел од Светското ИММАФ првенство.

Алексовска освои два златни медали (2 х Европски АДЦЦ шампион), а од среда ќе биде во категорија на светската ММА елита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот