Д-р Мојсоски: Поради несоодветен персонал, премногу луѓе умираат од ковид на респиратори

Фото: принтскрин

Причините поради која многу болни од ковид умираат на механичка вентилација во македонските болници се повеќеслојни, а смртноста зависи и од едукација на медицинскиот кадар, бројот на персоналот, грижата на болниот и терапија која се дава, вели во интервју за порталот Локално д-р Наум Мојсоски, кој бил прв клинички имунолог на Балканот.

– Има земји како Германија, каде смртноста сега е под 20% на респиратор, а кај нас е преку 70%. Најчеста причина за смрт на механичка вентилација е ВАП (вентилатор асоцирана пнеумонија). Таа се случува 3% секој ден во првите 5 дена, 2% во следните 5 дена и 1% во следните денови. Се јавува во првите 48 часа од интубација. Микроорганизми во ВАП се јавуваат во првите 40 часа по интубацијата, а таа флора е од горните дишни патишта, по овој ран стадиум се јавуваат грам негативни бактерии. Важно е да се знае дека по 7 дена од интубацијата главни микроорганизам е стафилококус ауреус односно МРСА. Терапијата за ВАП е исклучиво емпириска и од таа терапија зависи исходот на болеста, смета д-р Мојсоски.

Само во неколку часа во петокот, во болницата „Осми Септември“ во петокот починале петмина болни, открива докторот.

– Кај механичка вентилација треба многу стручен персонал и голем број на медицински сестри само на тој начин ќе се намали смртноста кај оваа пандемија, да нагласам само 04.02.2022 година во петок на респиратор во 8-ми септември за неколку часа, изгубија живот петмина болни, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот