Д-р Микиќ: Овие рестриктивни мерки донесени од Владата едноставно се неопходни (ВИДЕО)

Сепак се работи за ограничен период, во којшто треба да се придржуваме кон овие мерки на социјална дистанца, се со цел да ги заштитиме оние лица кај кои овој вирус може да предизвика тешка клиничка слика, па дури и смртен исход- рече д-р Микиќ.

Знам дека рестриктивните мерки ќе се примат со доза на недоверба кај одреден дел од граѓаните, истакна на денешната прес-конференција д-р. Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

-Овие рестриктивни мерки донесени од Владата едноставно се неопходни, во овој периот, немаме друг начин, не постои соодветен лек, нема вакцина, не постои друга мерка којашто може да го спречи ширењето на епидемијата. Ве уверувам ако не се преземат овие мерки, ќе не очекуваат повисоки бројки коишто можат значително да го отповарат здравстевниот систем- рече д-р Микиќ.

Тој аплираше до граѓаните да го издржат овој тежок период.

-Сепак се работи за ограничен период, во којшто треба да се придржуваме кон овие мерки на социјална дистанца, се со цел да ги заштитиме оние лица кај кои овој вирус може да предизвика тешка клиничка слика, па дури и смртен исход- рече д-р Микиќ.

Смртноста е на ниско ниво, во однос на другите држави, потенцираше д-р Микиќ, кај нас е под 4 проценти, но мора да се придржуваме до мерките за да ги задржиме овие показатели, само така ќе излеземе од оваа епидемија со помали последици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот