Цветен фустан во ретро фазон: Кејт Мидлтон заблеска во црвена боја! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Совршено издание на Војвотката од Кембриџ…

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам посетија една лондонска пекара каде што уживаа во подготовката на пецива, а истиот ден го посетија и центарот за вработување и една џамија.

Војвотката од Кембриџ избра црвено-бел цветен фустан кој во една прилика веќе го носеше.

Фото: Профимедиа

Романтичниот фустан од брендот „Beulah London“ многу убаво ја следи линијата на нејзиното тело.

Станува збор за модел изработен од свилен материјал и памучна чипка. Покрај цветниот дезен, фустанот со ракави има и дезен налик на вез, што му дава и винтиџ шарм, како и копчиња за закопчување по целата должина кои додаваат доза на елеганција.

Фото: Профимедиа

Цветниот фустан Кејт го искомбинира со крем салонки од модната куќа Ралф Лорен, а тие се покажаа како совршен избор бидејќи црвената и крем бојата одлично одат заедно.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот