Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се фатија за работа и покажаа како се меси леб

Profimedia

Што ни приготвија сега најпопуларните членови на британското кралско семејство? – Леб и пецива! Едноставен и прилично неочекуван одговор, нели?

Нив попрво би ги виделе опкружени со послуга, во кралска улога и должност. Кејт Мидлтон и принцот Вилијам навистина покажаа дека пандемијата не успеа да ги фати неспремни. Ова е нивното прво јавно појавување од јули.

Ги засукаа ракавите и замесија леб и најразлични пецива во познатата пекара „Бејгл Бејк“. Нивната идеја беше да прикажат како луѓето се справуваат за време на пандемијата со коронавирусот.

Двојката приготви и неколку еврејски рецепти и се сретна со муслимански волонтери кои помагаат за време на пандемијата. Двајцата ги следеа здравствените протоколи што моментално важат – миеја раце и цело време носеа заштитни маски. Кејт Мидлтон беше особено вешта и снаодлива во кујна.

Profimedia

Да почекаме да го видиме резултатот! Досега имав среќа, сега секое ми е сѐ понеуспешно“, се смееше војводката.

Пекарата мораше привремено да ослободи дел од своите вработени, но учествуваше во разни добротворни акции со донирање храна.

Сопственикот и коосновач Амнон Коен беше воодушевен од кралската посета.

Овде сме веќе 41 година. Ви благодарам што дојдовте“, рече 70 годишниот Амнон Коен.

Двојката исто така пристојно се поздрави со двајца вработени во пекарата, од кои едниот работи за господинот Коен повеќе од 30 години.

Profimedia

Принцот Вилијам, набљудувајќи ги разноразните деликатеси се пошегува дека е доста опасно да се биде во таа пекара.

Амнон Коен изјави дека добро се справуваат за време на пандемијата и ако се случи да мораат повторно да ја затворат пекарата, ќе бидат поподготвени и за таква ситуација.

По посетата на пекарата „Бејгл Бејк“, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се состана со волонтери за да помогнат во дистрибуцијата на лекови и намирници во соседството.

Profimedia
Видео на денот