ЦВЕТА Е МАЈКА НА ГЕЈ МОМЧЕ (12): Отсекогаш знаев дека е поинаков! ТАА ИМА САМО ЕДЕН СТРАВ – Слободен печат
ЖенаМагазин

ЦВЕТА Е МАЈКА НА ГЕЈ МОМЧЕ (12): Отсекогаш знаев дека е поинаков! ТАА ИМА САМО ЕДЕН СТРАВ

Какви се тоа вредности кога на него некој отворено му се порачува дека не треба да постои?

Цвета Поповиќ е мајка на 12-годишното геј момче која во ниту еден момент на му го свртела грбот на своето дете поради неговата ориентација. Ниту таа, ниту целата нивна фамилија.

Мојот син отсекогаш беше поинаков и јас го знаев тоа. Најтешко ми беше кога сфатив дека тој смета дека да се биде геј е нешто лошо.

Неговото определување почнало да се гледа уште кога имал само шест години, но никогаш не престанале да му ја даваат поддршката и љубовта како што тоа, за жал, не е случај.

Мајката Цвета, иако во професија психотерапевт, зборува за определувањето на својот син без задршка, но и гордо.

– Како и сите деца, тој поминуваше низ разни фази и не сакав однапред да преудицирам, но имав идеја во некои моменти во која насока оди неговата ориентација. Секогаш беше „поинаков“, се дружеше само со девојчиња на пример.

Моментот настапи од неговите шест години, мојата ќерка започна да зборува за тоа и тогаш тој кажа: „Јас не сум геј, бидејќи да се биде геј е тажно“. Тоа беше првиот момент кога се соочив со реалноста и ми беше многу стресно тоа што дете со толку малку години веќе има интернализирана слика, дека тоа нешто е лошо – раскажува мајката на момчето.

По сфаќањето на се, семејството воглавно добро се носеше, таткото прифати, исто така и бабите и дедовците.

– Моите ќерки имаа проблем со тоа некое време. Тие на некој начин беа изложени на притисок од околината. Тука јас бев многу строга и им објаснив дека е најважно да се имаат вистинските вредности, да се биде добар човек и на никого ништо лошо да не му се прави – вели мајката.

Поаѓањето во училиште донесе грижа, нови предизвици и несигурности, но и со тоа ова здружено семејство добро се снашло.

– Оф, отиде еден ден со розева перика во училиште. Пред тоа ме праша дали тоа е во ред. Јас му објаснив дека така ќе биде изложен, можеби и загрозен и дека тоа другите деца нема да го разберат, но доколку тој и понатака го сака тоа, дека е во ред. На крајот испадна супер, тој беше многу среќен тој ден – се потсетува таа со насмевка која набрзо ја менува во сериозен израз на лицето.

– Тој е отворен во школо дека е геј, а потоа еден другар му кажал дека неговата мајка кажала: „Сите што се геј треба да се стават на едно место и да се гаѓаат со бомби“, а потоа тоа тој го пријавил на учителката, на што таа му одговорила: „Па, тоа е нејзина религија“.

Тогаш таквото дете добива сигнал во установата во која треба да му се пренесат социјалните вредности, дека е целосно прифатливо да се изразува омраза и отворена агресија кон него.

Лицата на позиција кои се авторитет за тоа имаат оправдување, дека тоа се нечии вредности.

Какви се тоа вредности кога на него некој отворено му се порачува дека не треба да постои?, прашува мајката.

Најголема желба и е да живее во друштво во кое смее да биде виден, а не стигматизиран и отфрлен.

– Кога го гледаат, не гледаат шеговито, весело, паметно, смешно, понекогаш неурено, понекогаш и неодговорно дете, туку тие само гледаат дека е геј, само тоа, другите вредности никој не ги гледа, објасни таа.

На прашањето како таа како мајка се носи со посебноста на нејзиното дете, Цвета одговори: – Понекогаш милам дека тоа е мој повик во него да видам љубов. Ме охрабрува тоа што знам дека тој е доволно силен и храбар да издржи се.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Исто прочитајте

Close
Close