Црни прогнози од Мудис: Eкстремно висок ризик од глобална рецесија

Постои екстремно голема шанса рецесија да ја погоди глобалната економија во следните 12 до 18 месеци, смета главниот економист на компанијата „Мудис аналитикс“, Марк Занди.

– Дури и да немаме рецесија во следните 12 до 18 месеци, сметам дека е сосема јасно дека ќе имаме значително послаба економија – изјави Занди.

Според неговото мислење, со цел да се избегне забавување на економските активности неопходно е да се случат повеќе работи во исто време, како на пример да не дојде до ескалација во трговската војна меѓу САД и Кина, Британија да пронајде решение за Брегзит и централните банки да продолжат со своите монетарни стимулации.

– Мислам дека шансите за глобална рецесија се високи, екстремно високи – рече Занди.

Други економисти, меѓутоа, се помалку загрижени поради рецесијата, но го делат мислењето на Занди дека растот ќе продолжи да забавува

Есвар Прасад, професор од Универзитетот Корнел, вели дека приватната потрошувачка го потпомогнала растот во неколку економии во светот. Но, како што нагласува, тоа не е одржливо.

– Не може да се смета на тоа дека потрошувачите и домаќинствата да продолжат да го поттикнуваат растот. Значи, клучно е да се создадат серија мерки кои ќе го поттикнат оживувањето на бизнис и потрошувачката доверба и на крајот ќе ги зголемат инвестициите – рече Прасад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот