Царовска: Реструктурирањето на кредитите е за граѓаните и фирмите, масовни отпуштања во моментов нема

Она што се гледа во медиумите околу отпуштања, всушност е земањето на платен одмор, и така фирмите и луѓето се снаоѓаат.

-Во постојана комуникација сме со Синдикатот и коморите. Како што тече периодот се гледа дека во економијата ќе има поодложени ефекти. Мерките кои што ги понуди владата во првиот удар се да погодат само во центарот – или она што е најзагрозено во дадениот момент. Секако дека е потребен и пакет на мерки и за останатите сектори кои што верижно ќе бидат загрозени од оваа криза, изјави заменик претседателот на Владата Мила Царовска на гостување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Таа кажа дека може да се спроведат порадикални мерки, но дека за сега нема потреба од дополнителна владина интервенција.

-Како се прибираат средствата така и мерките се надополнуваат. Македонската банка за развој во април стартува со мерките за најпогодените. Втората мерка е субвенционирање на придонесите. Принципот на солидарност е многу важен во овој момент. Банките заедно со НБРМ донесоа одредени одлуки за реструктуирање. Можат и да ја променат сумата на отплаќање на кредитот. Во криза владата може да има и порадикални мерки, но до сега одлично комуницираме со НБРМ, банките доставија начин на реструктуирање и сега за сега нема потреба од владина интервенција во овој момент, вели Царовска.

Фирмите не ги отпуштаат вработените, туку го праќаат на одмор, а нормално продолжува и трговската размена со другите земји.

-Реструктурирањето на кредитите ќе биде и за граѓаните, не само за фирмите. Ако ја видите динамиката масовни отпуштања во моментов нема. Она што се гледа во медиумите околу отпуштања, всушност е земањето на платен одмор, и така фирмите и луѓето се снаоѓаат. Трговската размена со земјите од регионот продолжува и правиме се за да се поттикне земјоделието. Сега е време внатре да стегнеме, правиме проекции и да поттикнеме земјоделието во моментов да произведува добра кои што ние дома ќе ги користиме, рече Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот