Царовска: Првите два пакета даваат одлични ефекти, избори што поскоро за Влада со политички мандат (ВИДЕО)

Сите нови мерки од третиот сет на Владата, ќе се операционализираат, ќе се стават во  законска рамка или уредба за да може да се имплементираат континуирано. Помошта ќе се димензонира и сите институции се задолжени за утврдување концепти. Дел од мерките ќе почнат да се имплементираат од јуни, најави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ вицепремиерката задолжена за економски прашања, Мила Царовска.

Коментирајќи го ставот на опозицијата, Царовска вели, главна работа на Владата е да се соочува и да работи на справување со кризата и дека опозицијата секогаш ќе наоѓа забелешки без разлика дали има основа.

– Доколку не понудевме мерки за граѓаните и компаниите прашањата ќе беа насочени зошто не го правиме тоа. А ако ги поддржуваме, опозицијата ќе негодува на тоа, посочува Царовска.

Според неа, дел од личната потрошувачка која се поддржува со третиот сет мерки оди во најпогодените компании, односно хотелите и рестораните, така што се стимулира потрошувачка која ќе ги враќа во живот, а во однос на досегашните ефекти, вели институциите завршиле одлична работа.

– Ефектите од вториот сет мерки? Тој се спремаше со стопанските комори, синдикатите и со здруженија на граѓани. Третиот сет на мерки е насочен да ја поттикне економијата. Првите два беа за задржување на работните места, сега сметаме дека треба да ги поттурнеме кон развој за во 2021 да имаме поблаги ефекти. Првите два пакета даваат одлични ефекти. Во однос на компаниите за финансиска поддршка, 16.546 компании влегле во системот, тоа се над 100.000 вработени. Во делот на кредитирање, Ковид 1 линијата, 738 поднесени барања за кредитирање, од кои 51 осто се угостители, а 43 отсто транспорт. За гарантиран приход поднеле 4.500 барања граѓаните. а 5.000 барања за надомест во случај на невработеност. Два пати неделно правиме состаноци со инспекциите за овие средства и следиме дали и каде се прекршувањата. Слабост може да биде само бројката на луѓе кои сме ги димензионирале а не влегле во системот. Но, тоа зависи од компаниите кои аплицирале, изјави Царовска.

Во однос на изборите, таа го потенцираше ставот на здравствените експерти, кои велат дека сега има поволни услови бидејќи од септември, со отворањето на границите и враќањето во училиштата и слично се очекува нов бран на Ковид 19.

– Ако Собранието не е тука да ја контролира Владата, недостасува алка од системот, така сме послаби како држава. Сметам дека сите треба да ја гледаме пошироката слика, да не се загуби системот. Нас не ни е едноставно да носиме уредби, туку треба да се носат закони. Нас ни треба целосно функционален систем. Избори што поскоро за Влада со политички мандат, вели вицепремиерката.

Политичките предизборни кампањи, Царовска смета дека ќе бидат иновативни и димензионирани согласно здравстените протоколи.

Погледнете го целиот разговор со вицепремиерката задолжена за економски прашања, Мила Царовска:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот