Фото: EPA/YOAN VALAT

Црвена звезда со убедлив пораз на гостувањето кај Жалгирис во Евролигата

Кошаркарите на Црвена звезда вечерва во Каунас, Литванија беа поразени од Жалгирис со 99:67 во натпреварот од 21 коло од Евролигата.

Победата на домаќините беше најавено веќе во првото полувреме во кое Жалгирис имаше висока позитива од „плус 19“ (47:28).

Најдобар настап во тимот на српската екипа имаше Чима Монеке со 18 поени, со пет скока и три асистенции, Донатас Мотиејунас додаде девет поени, со три скока, додека Сами Оџелеј (шест скока), Никола Калиниќ (четири украдени топки) и Стефан Миљеновиќ постигнаа по седум поени.

Најдобар настап во тимот на Жалгирис имаше Љулас Тубелис со 17 поени и пет скока, Силван Франциско постигна 15 поени и по шест скока и асистенции, а Маодо Ло и Арнас Буткевичиус додадоа по 12 поени.

Жалгирис е моментно на деветтото место на табелата во Евролигата, со учинок од 12 победи и девет порази, додека Црвена звезда, по вториот последователен пораз се наоѓа на 10 позиција (11-10).

Црвена Звезда ќе игра на гости во Италија против Милано во следното коло, а Жалгирис оди кај израелскиот Макаби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот