фото: crvenazvezdafk.com

Црвена звезда ја одбрани титулата шампион на Србија

Црвена звезда се закити со нова титула фудбалски првак на Србија, откако го совладаа ОФК Београд со 3:1 (3:0) во 30. коло од српската Суперлига.

„Црвено-белите“ имаат недостижни 86 бодови, 23 повеќе од второпласираниот Партизан.

На играчите на Владан Милојевиќ им требаше еден бод за математички да го обезбедат шампионскиот трофеј, 36-ти во историјата, а осми во низа.

Головите за Црвена звезда ги постигнаа Максимовиќ во втората, Катаи во деветтата и Ендиаје во 11 минута, а на спротивната страна Безера де Оливеира запиша погодок во 88 минута.

Црвена звезда стигна до „најраната титула во клупската историја“, на седум кола пред крајот, бидејќи допрва следува плеј-офот.

„Црвено-белите“ со тоа го надминаа учинокот на играчите на Звезда од сезоните 1976/1977 и 2022/2023, кои станаа шампиони на шест кола пред крајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот