Циципас за секој ас на турнирот во Мексико ќе донира по 1.000 долари

Фото: EPA-EFE/David Guzman

Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас вети дека ќе донира по 1.000 долари за секој ас кој ќе освои на турнирот „Мексикан Опен“.

Собраните пари Циципас ќе ги донира за реконструкција на градот Акапулко кој беше уништен од ураганот „Отис“ минатиот октомври.

„Ќе донирам 1.000 долари за секој ас што ќе го сервирам оваа недела“, потврди Циципас.

Во урагнот „Отис“ животот го загубија најмалку 50 лица кои биле во познатото летувалиште. Бурата исто така предизвика штета од неколку милијарди долари, повеќе од 130.000 домови претрпеа делумно оштетување или беа целосно срушени.

Турнирот во Мексико веќе е започнат и се игра од 26. февруари до 2. март. Покрај Циципас на него ќе учествуваат: Зверев, Руне, Руд и Франсис Тијафо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот