Чувара останува во Вардар 1961, Валчак се сели во Португалија

Полскиот пивот Патрик Валчак од следната сезона ќе игра во Спортинг Лисабон/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Како што информираат полските медиуми, Јан Чувара ќе остане играч на скопски Вардар и следната натпреварувачка сезона 2022/2023.

Левото крило на полската репрезентација одлучи да го продолжи договорот со „црвено-црните“ со опција истиот да биде продолжен на уште една година.

Чувара дојде во главниот град пред стартот на сезоната 2021/2022. Првата сезона беше тешка за него, бидејќи не добиваше многу шанси за настап од тогашниот тренер Веселин Вујовиќ.

Ситуацијата се промени по доаѓањето на Давид Дејвис добива поголема минутажа во Лигата на шампионите и СЕХА Газпром лигата.

Чувара и натаму ќе му биде конкуренција на Тимур Дибиров кој одлучи да остане во Вардар 1961.

Информациите од Полска велат дека досегашниот пивот на македонскиот шампион, Патрик Валчак од следната сезона ќе ги брани боите на португалската екипа Спортинг Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот