Чудовиште од мртвачница: Некрофил од Англија извршил над 100 сексуални чинови над мртви тела

Мртвачница
Мртвачница / Фото: EPA-EFE/Nathalia Aguilar

Дејвид Фулер (67) неодамна пред признал дека ги убил Венди Нел и Керолин Пирс во 1987 година, што ѝ овозможило на полицијата да ја претстави на судот неговата историја на девијантно однесување, вклучувајќи ДНК, снимки и фотографии на Фулер како „сексуално осквернавува женски трупови“, објавија британските медиуми.

Детективите го пронашле и неговиот дневник во кој детално ја опишал возраста на секој труп што го осквернавил и начинот на кој го правел тоа.

Полицијата верува дека Фулер во текот на последните 30 години, тој имал секс со стотици трупови, од кои најмладиот починат имал девет, а најстариот 100 години.

Фулер претходно изјавил дека ги убил Пирс и Нел, но не сакал да ги признае убиствата, извлекувајќи се на ментална болест.

Тој бил уапсен во декември 2020 година во неговата семејна куќа, откако полицијата ја пронашла неговата ДНК на облеката на Нел и Пирс и ги споредила со податоците од нивната база на податоци во кои имале и ДНК на еден од неговите роднини.

Двете девојки, кои во моментот на убиството биле во раните дваесетти години, биле пронајдени претепани и задавени. Полицијата утврдила дека Фулер се вратил кај Нел и по нејзината смрт. Тие не биле сигурни за Пирс бидејќи нејзиното тело било пронајдено по три недели.

Бидејќи ДНК-анализите биле во повој за време на убиствата, полицијата успеала форензички да го поврзе убиецот со Пирс дури во 2019 година, благодарение на остатоците од ДНК од нејзините хулахопки, кои подоцна ги споредиле со нивната база на податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот