Човечки труп пловел по Вардар во Долно Лисиче

Фото: Град Скопје

Вчера околу пладне, минувачи пријавиле дека во водите на Вардар во Долно Лисиче плови човечко тело, соопшти МВР.

„На 28.01.2023 околу 12.44 часот во СВР Скопје е пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје. Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт“, велат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е јавен обвините, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот