Чоколадо: Афродизијак и здравје

Фото: Профимедиа

Чоколадото е вкусно задоволство за моменти на уживање со пријателите.  Подарок за искажување љубов или слатка намирница која многумина ја нарекуваат афродизијак. Но, црното чоколадо има свои бенефити за нашето здравје.

Црното чоколадо го подобрува протокот на крв, го намалува крвниот притисок и го регулира оксидираниот ЛДЛ холестерол.

Се разбира, тоа не значи дека темното чоколадо треба да се јаде во неограничени количини, особено ако имате проблеми со нивото на шеќер во крвта или ако имате прекумерна тежина.

Најновите медицински истражувања во САД покажуваат, поголема коцка темно чоколадо на ден значително го намалува таложењето на лошиот холестерол на ѕидовите на крвните садови.

Црното чоколадо ги ублажува симптомите на хроничен замор. Покрај тоа, темното чоколадо ја подобрува функцијата на мозокот по само пет дена консумирање, како резултат на стимулирање на протокот на крв во мозокот. Ова е особено важно за постарите луѓе кои страдаат од полесни форми на деменција или се опоравуваат од поблаги удари.

Чоколадото олеснува долготрајна кашлица, бидејќи состојката теобромин е трипати поефикасна од синтетичкиот лек што го препишуваат лекарите.

Како што покажаа научните студии, високото ниво на антиоксидансот полифенол што се наоѓа во темното чоколадо значително ја ублажува штетата предизвикана од слободните радикали во организмот. Тоа го намалува ризикот од карцином.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот