„Чкембари“ за првпат дел од сопственичката структура на ФК Пелистер

Желбите се во иднина амбициите на ФК Пелистер да бидат многу повисоки/Фото: facebook.com/1985ckembari

Како што се најавуваше пред неколку дена, тоа денеска и официјално е потврдено од страна на навивачката група на „Чкембари“.

„Чкембари“ за првпат станаа дел од сопственичката структура на фудбалскиот клуб Пелистер од Битола.

– Клубот доби и нови доминантни сопственици на кои им посакуваме многу среќа и умешност во управувањето на клубот.

Се надеваме дека скромните амбиции да останеме дел од првата лига во иднина ќе бидат многу повисоки и дека за брзо време и Битола ќе дочека европски натпревар на Пелистер Под Тумбе Кафе. Напред Пелистер ти си живот наш – пренесуваат „Чкембари“.

Стартот во новата сезона не е најдобар за битолчани, бидејќи после девет одиграни натпревари е на последното 12 место со четири бодови, единствен без триумф. Новиот прволигашки меч ќе го имаат в сабота на гостински терен против Ренова од 14.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот