Четврто самоубиство на полицаец од обезбедувањето при упадот на Капитол Хил

фото ЕПА

Полицаецот од Вашингтон, Гинтер Хашида во четвртокот бил пронајден мртов во својот дом, каде извршил самоубиство, со што бројот на самоубиства на полицајци кои го обезбедуваа Конгресот при упадот на разулавената толпа на 6 јануари годинава се зголеми на четири, пренесува Си-Ен-Ен.

„Освен Хашида и полицаецот, Кајл де Фрајтаг, кој беше на должност во Капитол, на 10 јули на ист начин го заврши својот живот, изјави портпаролот на полицијата во Вашингтон, пренесуваат британските медиуми.

Полицаецот од дистриктот Колумбија, Џефри Смит и полицаецот од Капитол, Хауард Либенгуд, кои беа во обезбедувањето на Конгресот за време на немирите на 6 јануари, исто така, претходно си го одзедоа животот.

На 6 јануари стотици поддржувачи на тогашниот претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот, во неуспешниот обид да го спречат потврдувањето на изборната победа на демократскиот претседател Џо Бајден, а за време на насилствата живоптот го загубија четири лица.

Следниот ден почина еден од полицајците од Капитол кој беше повреден од  демонстрантите, а во насилствата беа поврдени вкупно повеќе од 100 полицајци.

Почнаа сослушувањата за упадот во Капитол, се очекува да се обелоденат досега невидени снимки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот