Уште еден полицаец изврши самоубиство по нападот на зградата Капитол

Уште еден полицаец изврши самоубиство по нападот на американскиот Капитол, кој се случи на 6 јануари, пишува „Пипл“.

Во вторникот, вршителот на должноста началник на полицискиот оддел во Вашингтон, Роберт Ј. Конте III во воведниот говор на затворената седница откри дека еден од неговите полицајци, Џефри Смит извршил самоубиствено по неколку дена од немирите.

35-годишниот Смит бил службеник за спроведување на законот веќе 12 години, стациониран во Вашингтон, во населбите Кливленд Парк и Џорџтаун.

Смит е третиот полицаец кој почина откако голема група приврзаници на Доналд Трамп, поттикнати од неговите повторени лажни обвинувања за изборни измами, упаднаа во зградата на Капитол, додека пратениците се собраа да ги потврдат гласовите за новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Полицискиот службеник во Капитол Хауард Либенгуд исто така изврши самоубиство, неколку дена откако интервенираше на местото на настанот.

Вкупно пет лица загинаа за време на нападот, вклучувајќи го и полицаецот Капитол Брајан Сикник.

Сикник (42) починал следната вечер од повредите што ги здобил „додека бил во физичка интеракција со демонстранти“ за време на дивеењето, се вели во претходното соопштение на полицијата на американскиот Капитол.

„Ние ја почитуваме службата и жртвите на офицерите Брајан Синик, Хауард Либенгуд и Џефри Смит и изразуваме сочувство на сите ужалените семејства“, рече Конте во воведното обраќање.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот