ФОТО | „Херојска смрт“: Идентификуван полицаецот кој загина во нападот пред Капитол хил

Фото: Bryan Dozier / Shutterstock Editorial / Profimedia

Полицаецот кој им подлегнал на повредите откако 25-годишниот маж со автомобил ги пробил заштитните бариери пред американскиот Капитол хил, бил идентификуван како Вилијам Били Еванс, кој во полицијата на Капитол хил работел 18 години, пишува Си-Ен-Ен.

Мажот кој со автомобил ја пробил оградата, а потоа извадил нож и ги нападнал полицајците кои биле принудени да го пукаат, бил идентификуван како Ноа Грин, соопштиле од полицијата.

Еден полицаец бил ранет, додека Вилијам и напаѓачите подлегнале на повредите во болницата.

Претседателката на Претставничкиот дом, Нанси Пелоси рекла дека заради убиството на полиацаецот, знамињата на американскиот Капитол ќе бидат спуштени на пола копје.

-Денеска Американците тагуваат заради трагичната и херојска смрт на полицаецот од Капитол, Вилијам Еванс. Тој се жртвуваше за демократијата. Денеска овие херои уште еднаш ги ризикуваа своите животи за да го заштитат нашиот Капитол и нашата земја, со истата храброст и дух кој беше виден на 6 јануари, рекла Пелоси и изразила сочувство на фамилијата на настраданиот полицаец.

ФОТО+ВИДЕО | Епилогот на хаосот пред Капитол хил: Еден полицаец почина, осомничениот е убиен

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот