ФОТО+ВИДЕО | Епилогот на хаосот пред Капитол хил: Еден полицаец почина, осомничениот е убиен

Фото: Bryan Dozier / Shutterstock Editorial / Profimedia

Еден полицаец им подлегна на повредите, а друг е повреден откако непознато лице ги пробило безбедносните бариери со својот автомобил и ги удрил пред Капитол хил во Вашингтон, јавува Си-Ен-Ен.

Осомничениот исто така е мртов, потврдиле повеќе извори за Си-Ен-Ен. Од полицијата потврдиле и дека возачот кој ја пробил барикадата излегол од автомобилот со нож во раката и ги нападнал полицајците, а притоа убил најмалку еден од нив.

Роберт Конте, шефот на полицијата во Вашингтон рекол дека нападот пред Капитол „изгледа не е поврзан со тероризам“.

-Изгледа дека инцидентот не е поврзан со тероризам. Но, мораме да продолжиме да ја спроведуваме истрагата за да утврдиме да не постои некоја врска, рекол Конте на конференцијата за новинарите.

Портпаролката на Белата куќа, Џејн Псаки рекла дека американскиот претседател Џо Бајден е запознаен со инцидентот пред Капитол.

-Бајден не беше во Белата куќа. Во кампот Дејвид пристигна околу 12.53 часот по локално време, каде го проаѓа велигденскиот викенд, додала Псаки.

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси рекла дека заради убиството на полицаецот, знамињата ќе бидат спуштени на пола копје.

Медиумите прво пренесоа дека се случила пукотница пред Капитол, а потоа дека маж со автомобил ја пробил барикадата и удрил двајца полицајци. Како што јавија американските медиуми, откако автомобилот ја пробил барикадата, не запрел, а потоа полицајците почнале да пукаат.

Пред зградата во рок од неколку минути слетал хеликоптер, а набргу пристигнаа и возила на итната помош.

Американската полиција на Капитол изјави дека сите згради на Капитол хил се заклучени „заради надворешна закана на безбедноста“, а на членовите на персоналот им е речено дека не можат да влезат во зградите или надвор од нив.

Во меѓувреме, улицата беше повторно отворена за сообраќај, се додава во извештајот од Си-Ен-Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот