Остин: На Украина ќе и стигне нова транша од шест милијарди долари

Руски ракетни лансери на фронтот кај Авдиивка - Фотографија Профимедиа

На Украина ќе и стигне нова транша од шест милијарди долари – од помошта  која беше блокирана во американскиот Конгрес со месеци. Оваа е втора транша, откако во средата беше најавена помош за Киев од милијарда долари.

Овие две суми се дел од пакетот помош од 61 милијарда долари за Киев што конечно беше одобрен оваа недела од американскиот Конгрес и потврден со потпис на американскиот претседател Џо Бајден.

Додека помошта од една милијарда долари одобрена во средата ќе дојде од залихите на американската војска, оваа објавена денеска ќе биде обезбедена преку договори со одбранбената индустрија или со партнери. Тоа значи дека на оваа помош ќе и треба повеќе време за да стигне до бојното поле, пренесе МИА.

По потпишувањето на пакетот помош од 61 милијарда долари за Украина во средата, Бајден вети дека брзо ќе испрати многу оружје во Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот