Четири жени од Дебар тврдат дека доктор Асани ги прегледувал во домашната ординација, Веапоска плаќала по 1.000 денари за преглед

Четири родилки од Дебар заедно со нивните сопрузи, на нотар дале изјави дека во приватната ординација на директорот на струшката болница и гинеколог, доктор Мухамед Асани, им била следена бременоста во различни периоди од минатото, дознава „Слободен печат“.

Нотарските изјави кои што ги добивме и во нашата редакција, се дадени да послужат пред истражните органи, откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат минатата недела влезе во куќата на докторот каде што пронајде комплетно опремена гинеколошка ординација без документи, за која што доктор Асани тврдел дека ја поседува, но во неа не прегледува. Бидејќи не биле затечени пациенти ниту медицински кадар вработен во оваа ординација, ДСЗИ не може да потврди дека во оваа ординација лекарот прегледувал и лечел. Меѓутоа, нотарските изјави фрлаат ново светло на целата ситуација. Една од нив се однесува и на период пред седум години, односно следена бременост во ординацијата според изјавата била во 2012/2013 година.

– Овие изјави заверени на нотар ги пративме до ДСЗИ во петокот заедно со други жени чија бременост исто така ја следеше Асани. Ехо снимките инспекторатот ги има уште од кога им ја пратив пријавата. Ме прегледуваше после работното време. Секој преглед му го плаќав 1000 денари, а одев секои 10 дена. Бременоста само кај него ме чинеше 300 евра – изјави Веапоска за „Слободен печат“.

Родилка од Дебар доживеа хорор во болница: Ми извадија три здрави органи без да ми кажат

Инспекторите заедно со полицијата кај д-р Асани открија комплетна гинеколошка ординација без документација

Му се множат кривичните пријави на доктор Мухамед Асани: Црн ден беше денот кога ја породи жена ми!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот