Инспекторите заедно со полицијата кај д-р Асани открија комплетна гинеколошка ординација без документација

бухова струга родилки
бухова струга родилки

Инспекторите на Државниот здравствен и санитарен инспекторат во понеделникот по допрен глас од медиумите влегоа во куќата на директорот на струшката болница и гинеколот д-р Мухамед Асани со полициска асистенција.

Инспектори со полиција влегоа во куќата на лекарот што ја оперираше жената што остана без бубрег, матка и јајник

„Слободен печат“ дознава дека причината поради којашто полицијата морала да се вклучи во надзорот е тоа што пред куќата немало ознака за ординација.

Директорката ДЗСИ д-р Ирина Сотирова Бухова ни изјави дека во ваква ситуација законски морале да ја повикаат полицијата.

Откако влегле внатре пронашле комплетно опремена гинеколошка ординација со чекална, со рецепти, со гинеколошки стол, меѓутоа за ординацијата не постојат никакви документи.

– Посочениот доктор беше повикан, дојде и даде доброволна изјава дека има ординација но не ординира, изјави д-р Сотировска Бухова за „Слободен печат“.

Таа додаде дека за време на вонредниот инспекциски надзор во ординацијата не затекнале пациенти ниту вработени.

Токму во оваа домашна ординација родилка и воедно медицинска сестра од Дебар за медиумите изјави дека ѝ била следена целата бременоста која за неа заврши без бубрег, матка и јајчник, меѓутоа инспекторите ова засега не успеваат да го потврдат бидејќи лекарот и директор на струшката болница тврди дека во оваа ординација не прегледува.

Спротивно на оваа пациентката Јелдз Веапоска за „Слободен печат“ изјави дека д-р Мухамед Асани токму во оваа ординација ја следел нејзината бременост затоа што поради пандемијата со коронавирусот преризично за неа било да оди во државната струшка болница.

Родилка од Дебар доживеа хорор во болница: Ми извадија три здрави органи без да ми кажат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот