Четири фудбалски ѕвезди и се нудат на Барселона

Дибала со задоволство би се преселил во Ла Лига/фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Иако се наоѓа во големи финансиски проблеми (долговите изнесуваат 1.5 милијарди евра), Барселона се уште е магнет за фудбалските ѕвезди кои и се нудат да пристигнат на „Камп Ноу“ и за помали плати кои ги имаат во актуелните клубови.

Каталонските медиуми пишуваат дека четворица напаѓачи се заинтересирани да се преселат на „Камп Ноу“ и да го заменат Мемфис Депај кој не е задоволен од статусот во каталонскиот тим и побара да биде ставен на трансфер листата.

Единсон Кавани веќе имаше разговори со челниците на Барселона, потоа Пјер-Емерик Обамејанг кој е во „војна“ со тренерот Микел Артета како и Тимо Вернер од Челси кој пак со доаѓањето на Ромелу Лукаку падна во втор план кај Томас Тухел.

Последен кој е заинтересиран за преселба во Барселона е Пауло Дибала. Аргентинецот ги прекина преговорите со Јувентус за нов договор бидејќи управата на клубот иако се согласи да му даде осум милиони евра годишно, подоцна ја намали сумата за еден милион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот