Чешката полицијата го поврзува масовниот убиец од Прага со смртта на уште двајца луѓе

Масовниот убиец од факултетот за уметности во Прага, полицијате го поврза со смртта на уште двајца луѓе, кои минатата недела биле убиени во шума близу Прага. Тие веруваат дека 24-годишниот Давид Козак, кој досега немал криминално досие, случајно ги избрал своите жртви.

Министерот за внатрешни работи Вит Ракусан вечерва изјави дека во универзитетската зграда е пронајдено големо количество оружје и дека со брзата реакција на полицијата била спречена уште поголема трагедија.

Како што предходно беше објавено Козак го почнал својот убиствен поход во селото Хостоун, оддалечено 20 километри од Прага, каде што го убил татко му. Тој студирал на Институтот за светска историја, сместен во зградата на факултетот за уметности и важел за добар студент. Полицијата прво го барала во друга зграда во која што требало да има предавања и непознато е зошто пукањето го извршил во главната зграда на факултетот за уметности.

„Тој заминал за Прага за да умре и бил инспириран од сличен ужасен настан што се случи неодамна во странство“, изјави шефот на чешката полиција Мартин Вондрашек.

Полицијата веднаш по пукањето објави дека напаѓачот е елиминиран и се истражува дали бил убиен или се самоубил. Козак уби 14 лица, а 25 луѓе се ранети, од кои десет се во тешка состојба.

ВИДЕО: Студенти легнати на земја, во околината на универзитетот викотници и паника

Европските лидери изразуваат сочувство до семејствата на загинатите и повредените во Прага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот