ВИДЕО: Студенти легнати на земја, во околината на универзитетот викотници и паника

На социјалните мрежи се појавија првите видеа од пукањето во Прага. На едно од нив се слушаат пукотници и студенти легнати на земја криејќи се од убиецот.

Пукотниците и крвавиот хаос кој се случува во Универзитетот се слуша и во неговата околина, создавајќи голема паника кај жителите на Прага.

По веста за пукањето на Карловиот универзитет во Прага, во кое загинаа 11 лица, вклучувајќи го и напаѓачот почнаа да пристигнуваат реакции и изрази на сочуство, како од чешките политичари, така и од меѓународните претставници.

„Шокиран сум од настаните на Факултетот за уметности на Карловиот Универзитет. Би сакал да го изразам моето длабоко жалење и искрено сочувство до семејствата и роднините на жртвите на пукањето. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните што ги почитуваа упатствата на безбедносните сили и обезбедија максимална соработка“, напиша на Икс чешкиот претседател Петр Павел.

Премиерот Петр Фиала ги откажа своите закажани настани и веднаш се упати кон Прага.


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, исто така го коментираше пукањето во Прага. „Шокирана сум од бесмислената бруталност на пукањето што денеска однесе неколку животи во Прага. Изразувам најискрено сочувство до семејствата на жртвите и до сите Чеси. Стоиме и жалиме со вас“, напиша таа на Икс.

ВИДЕО: Пукање на Универзитетот во Прага, најмалку 10 убиени и над 20 повредени, напаѓачот е „елиминиран“

Преживеаните во нападот во Прага: Чекам да ме евакуираат, се молам да сум жив

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот