Преживеаните во нападот во Прага: Чекам да ме евакуираат, се молам да сум жив

Фото: Фејсбук/Michael Skřivan

Единаесет лица загинаа, меѓу кои и напаѓачот, деветмина се тешко повредени, пет до шест лица се со умерено тешки повреди, а десет лица се полесно повредени. Бројките сепак може да се променат – објавија спасувачките служби во Прага по денешното пукање на Карловиот универзитет.

На социјалните мрежи се гледа како луѓето за да се спасат од напаѓачот стојат на ивиците на претпоследниот кат од универзитетот.

Целиот плоштад Јан Палах и околината е целосно затворен“, соопшти полицијата на мрежата Х во 15 часот и 17 минути.

Според портпаролката на факултетот Тереза Маркова, на персоналот и на студентите им е наложено да се затворат во канцелариите и училниците. Таа немаше подетални информации, дури ни за бројот на студенти и вработени кои требало да бидат таму.

Според изјавите на сведоците на социјалните мрежи, пукотници се слушале и надвор и внатре во зградата. Стрелецот се движел на четврти кат и на покривот. Некои луѓе се качиле на прозорците и се држеа за праговите, други избегаа на покривот, други се забарикадираа.

„Напаѓачот е мртов, чекам да ме евакуираат. Се молам да сум жив. Ја заклучив вратата пред напаѓачот да се обиде да ја отвори“, твитна еден корисник, додавајќи слика од забарикадирана врата.

Вратата на една просторија е целосно блокирана со столици и друг инвертар.


Градските власти информираат дека на местото на настанот се наоѓаат и психолози кои веднаш можат да укажат помош на засегнатите.

ВИДЕО: Пукање на Универзитетот во Прага, најмалку 10 убиени и над 20 повредени, напаѓачот е „елиминиран“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот