ВИДЕО: Пукање на Универзитетот во Прага, најмалку 10 убиени и над 20 повредени, напаѓачот е „елиминиран“

Прага, Чешка / EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Неколку луѓе се убиени, а „десетици“ се повредени во пукање во близина на универзитет во центарот на Прага, соопшти чешката полиција.

Прага, Чешка / EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Тамошното Министерство за внатрешни работи информира дека напаѓачот е „елиминиран“ и дека зградата се евакуира, пренесува Би-Би-Си.

Извештаите сугерираат дека инцидентот се случил на Факултетот за уметности на Карловиот Универзитет, лоциран на плоштадот Јан Палах.

Прага, Чешка / EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Властите соопштија дека целиот плоштад и неколку улици околу универзитетот се затворени.

„Одеднаш слушнав пукање“, изјави за чешкиот весник Днес сведокот која била на местото на настанот.

Прага, Чешка / EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Во електронска порака испратена до персоналот на филозофскиот факултет на Универзитетот Чарлс, во која увид имал Ројтерс, го предупреди персоналот за пукањето, пренесува Би-Би-Си.

Во меилот пишувало: „Останете, не одете никаде, ако сте во канцелариите, заклучете ги и ставете мебел пред вратата, исклучете ги светлата“.

Прага, Чешка / EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Карловиот универзитет се наоѓа во Стариот град на Прага, на околу 500 метри од историскиот Карлов мост, што е магнет за туристите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот