Чешка со највисока стапка на зараза со Ковид-19 во Европа
Во Чешка се регистрирани уште 8.713 нови случаи на коронавирус, што е најголем број забележан во викенд во таа земја, која моментно има највисока стапка на зараза со вирусот во Европа.
Препорачано
Заменик премиерот Карел Хавилчек најави дека за најмалку две недели Владата ќе одлучи дали ќе воведе целосен карантин за спречување на епидемијата.
Во Чешка веќе се затворени ноќните клубови и ресторани, спортски и фитнес центри, театри и кино сали, училиштата имаат онлајн настава, но продавниците се уште се отворени.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопшти дека во Чешка се регистрирани 828 случаи на зараза на 100.000 жители во последните две недели, што е десет пати повеќе отколку во соседна Германија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


