Чептегеи со нов светски рекорд на 5000 метри (ВИДЕО)

фото: твитер

Џошуа Чептегеи, 23-годишниот атлетичар од Уганда постави нов светски рекорд во трката на 5000 метри, на митингот од Дијамантската лига во Монако.

Со време 12:35.36 мин., за секунда и 99 стотинки го поправи резултатот (12:37.35 мин.), кој беше во сопствеништво на легендарниот Кененисa Бекеле од Етиопија од 2004 година.

Првите неколку кругови не најавуваа ваков исход, на сега веќе историската трка на стадионот „Луј втори“.

Но, кога Чептегеи, од третиот километар ја презеде водечката позиција, со кругови од 60 секунди го топеше досегашниот светски рекорд.

На крајот со помошта и на неколку илјади гледачи и гласниот спикер, и благодарение на одличниот спринт во последните 400 метри, дојде до најдобриот резултат во историјата на оваа дисциплина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот