Челси пред распад, десетина фудбалери веќе имаат понуди да си заминат од „Стемфорд бриџ“

Има голем интерес за фудбалерите на Челси/ фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Владата на Обединетото Кралство вчера вечерта одлучи да му дозволи на Роман Абрамович да го продаде Челси, но на лето се подготвува вистински егзодус од „Стемфорд бриџ“ бидејќи половина од фудбалерите уште сега имаат понуди па дури и играчите што потпишаа нови договори со „сините“.

Засега сигурно е дека Антонио Ридигер на крајот од сезоната ќе си замине од Челси, откако во изминатите месеци не успеа да се договори за продолжување на соработката со актуелниот европски шампион бидејќи бара плата поголема од 10 милиони евра. Поради тоа се откажа и Реал Мадрид, но во игра останаа ПСЖ кој на лето ќе прави ремонт на тимот и Баерн Минхен.

Од кризата во Челси би требало да профитира Барселона која наводно потпишала преддоговор со Андреас Кристенсен, а на добар пат да пристигне на „Камп Ноу“ е и капитенот на Челси, Сезар Аспиликуета. И двајцата фудбалери во Барселона би требало да пристигнат како слободни играчи.

Нголо Канте кој на лето влегува во последната година од договорот е на списокот на желби на ПСЖ, додека Жоргињо би можел да се врати во Серија А и да потпише за Јувентус.

Интерес за Рис Џејмс пројавуваат Реал Мадрид и Манчестер сити кој бара замена за Кајл Вокер.
Кризата во Челси сака да ја искористи и Ромелу Лукаку и да се врати назад во Интер, додека интерес за Каи Хаверц пројавува Баерн Минхен. Тимо Вернер би требало да си замине од Челси, а за неговите услуги ќе се борат Борусија Дортмунд и неговиот поранешен тим Лајпциг.
Маркос Алонсо има две опции, Интер и Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот