Вучиќ / Фото ЕPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Часовникот ќе го подарам на првороденото српско дете на Косво, вели Вучиќ за подарокот од Земан

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата на Хит Твит го покажа часовникот кој го носи и објасни дека тоа е подарок од чешкиот претседател Милош Земан.

На часовникот пишува „11 септември 2019. До Александар Вучиќ, претседател на Чешка Милош Земан“.

– Вредноста на овој часовник е некаде околу 1.000 евра. Тоа е подарок од мојот пријател, чешкиот претседател Милош Земан – рече Вучиќ, одговарајќи на обвинувањата на Слободан Георгиев дека „неговиот часовник вреди 500.000 евра“.

Тој вели дека ќе го купи тој часовник бидејќи според новиот закон тоа ќе биде опција.

– Ќе му го подарам на првото српско дете кое ќе се роди на Косово и Метохија во новата 2024 година – рече тој.

Тој вели дека подарокот за него има сентиментална вредност бидејќи го добил од човек, прв функционер на земја на НАТО, кој се извини за агресијата врз СРЈ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот