фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

ВИДЕО: Конечно насмевки и на „Олимпико“, Рома со седум гола во мрежата на Емполи

По ремито со Салернитана, и поразите од Верона и Милан, фудбалерите на Рома дури во четвртото коло успеаја сезонава да го запишат првиот триумф во Серија А.

Играчите на Жозе Мурињо пред своите навивачи на стадионот „Олимпико“ со 7:0 го декласираа Емполи. Веќе по првите осум минути од мечот во Рим „волчицата“ имаше позитива од 2:0 преку Дибала (пенал) и Санчес.

Во 35 минута предноста се зголеми по автоголот на Граси, потоа за 4:0 се погрижи Дибала кој по вторпат се запиша во листата на стрелците во 55 минута.

До крајот на средбата Рома постигна уште три гола и тоа за период од шест минути: Кристанте (80`), Лукаку (82`) и Манчини (86`).

Во неделата се одиграа уште четири натпревари во најсилното италијанско фудбалско првенство: Каљари – Удинезе 0:0, Фросиноне – Сасуоло 4:2, Монца – Лече 1:1 и Фиорентина – Аталанта 3:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот